Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата планира финансиска поддршка од 250…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата планира финансиска поддршка од 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди, почнувајќи од септември оваа година. Средствата се веќе предвидени во државниот буџет, а процедурите за реализација се во тек.

– 250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар. Ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување на електронски уреди, изјави Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за најавата на Владата за помош на студентите за набавка на електронски уреди, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ.

Рече дека е сигурен оти тоа ќе се случи веќе во месец септември.

Реклама

-Политичките партии коишто во паузата од некрофилија, рефлектираат и ваков тип на дилеми во јавноста, еве ја користам оваа прилика да ги разубедам и да им кажам да бидат спокојни. Тоа што ВМРО и оваа Влада ветуваат, во којашто се политичките партии ВРЕДИ, коалицијата ВРЕДИ, политичката партија ЗНАМ и нашата коалиција, тоа што ние го ветуваме, тоа го испорачуваме, но се разбира во зависност од приоритетите, бидејќи многу приоритети има, мора многу дупки и многу лоши работи од минатото да се санираат коишто ги наследивме, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека за оваа година успеале многу од тие лоши работи да санираат, а еден од тие е и овој објект – Одделението за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ .

-Така што мислам дека последната бројка е на приватните и државните универзитети, некаде околу 55 илјади студенти, со заверка на семестар ќе може да ги користат овие 250 евра за набавка на електронски уреди од септември, додаде Мицкоски.