Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме со хаосот штого наследивме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на една од националните телевизии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на една од националните телевизии говорејќи за нафтената криза истакна дека ќе има нови мерки при што посочи дека Владата се бори напорно за подобар живот на граѓаните, но во исто време се бори и со хаосот кој е наследен и долговите наследени од претходната влада.

Премиерот Мицкоски во однос на тоа како тоа оваа влада и претходната се справувале со кризите, потенцираше дека двете кризи и оваа сега и таа 2022 година се почнати во ист месец, но тогаш инфлацијата била над 10%, додека сега е 4,5%-4,9%.

„Второ излезе Меѓународниот монетарен фонд јасно кажа дека ние како држава сме трета во Европа според мерките коишто ги применивме визави процент од бруто домашниот производ. Тешко се живее, точно, никој не вели дека се живее лесно, тешко се живее и во Германија, еве сега се враќам од Австрија, тешко се живее и во Австрија, таму пак литар бензин и дизел се над 2 евра, па сега морале да ослободат околу 50 илјади барели од државните резерви да може да амортизираат цена, секаде тешко се живее. И тогаш стандардот во Германија, Франција, Италија, Австрија бил поголем од тој што бил во Македонија, но прашањето е дали таа разлика се намалила, ако ја мерите тогаш и сега, двојно се намалила.“, изјави премиерот Мицкоски.

Реклама

Во врска со споредбите за тоа колку гориво може да се купи со платите во тие држави и во земјава, премиерот посочи дека таа разлика споредено со тоа кога беше претходната влада драматично е намалена, а не е зголемена и тоа е успехот во мерките и во политиките на оваа влада.

„Инаку, Германија, Франција, Италија, Австрија, Унгарија, Словенија повисок стандард имаат од Македонија, но тоа е политика децениска, можеби вековна. Ако некој очекувал ние за две години ќе вратиме годишно по 2,5 милијарди евра долгови на претходната влада, дека ќе враќаме солидарен данок кој е неуставно земен, ќе ги почитуваме сите колективни договори, и еве вчера излезе Државниот завод за статистика нето платата е за 7,5% поголема, дека ќе успееме да ја намалиме буџетската дупка дефицитот од 4,5 на 3,5%, дека шест квартали ќе имаме 3,5% раст на БДП.“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски се осврна и на критиките, при што посочи дека критиката е позитивна и ги слуша граѓаните, бидејќи тие имаат право да критикуваат и треба да критикуваат затоа што навикнати се на политичари неработници, луѓе коишто се обременети со криминал и корупција, и е свесен дека немаат трпение, а власта е таа која треба да има трпение и да работи.

„Ќе има дополнителни мерки иако ние досега прилично многу го изложивме буџетот и ќе треба да видиме, бидејќи еве втор месец завршува од кризата која е историски најголема според Светската енергетска агенција, оваа криза е поголема од онаа во 2022 година и двете кризи во седумдесеттите години заедно, а ние сме таму каде што сме и сега сметајте да имате по 30, 40 или 60% по литар поевтино гориво од соседите. Тоа е успех, дали е доволно, не е доволно, дали тешко се живее, да, но ќе се бориме да биде подобро.“, нагласи премиерот Мицкоски.