Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Мицевски со бледи оправдувања зошто ги укина веќе одобрените средства за поврат на данок за снимањето на серијата „Утре наутро“

Што потпишувал, што одобрувал, што одбивал. Директорот на Агенцијата за филм не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што потпишувал, што одобрувал, што одбивал. Директорот на Агенцијата за филм не е 100% сигурен за она што се случува во институцијата со која раководи. Иако основната дејност е да ја поддржува домашната филмска и телевизиска продукција, Сашко Потер Мицевски, со бледи оправдувања зошто ги укина веќе одобрените средства за поврат на данок за снимањето на серијата „Утре наутро“ која е во копродукција на ТВ Алфа, „Револушн“ и „Синемон медиа фактори“.

Тврди дека продуцентите не ја доставиле навреме потребната документација, а потоа и го испуштиле рокот за жалба. Сепак, нема објаснување зошто првичната одлука за одобрување на парите воопшто и била преиначена.

Еден од продуцентите на серијата „Утре наутро“, Дејан Милошевски, тврди дека со месеци наназад и со претходно раководоство биле во постајана комуникација и навремено ги доставувале сите документи коишто им биле побарани. Ги негира тврдењата на директорот на Агенцијата дека продукцијата немала наменска сметка. Според него очигледно е дека директорот дошол во јуни, и немал поим што потпишува во средината на јули годинава, кога агенцијата донела решение за укинато право на повраттот на ДДВ.

Реклама

На решението од Агенцијата е поднесена жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.

Инаку, директорот освен што се правдаше за укинатиот поврат на ДДВ за македонска серија во домашна продукција, негира дека одбил филм поради ЛГБТ содржина, иако тоа се коси со Уставот, топката ја префрли на Управнот одбор. Дури и за обвинувањата дека тој упатувал закани за клуч на Вардар филм, вели дека тоа не е вистина, и Врдар филм е институија под надлжност н Министерството за култура и туризам.

https://youtu.be/JmybLnQ3nW4