Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Мицкоски за „Дојче Веле“: Заврши медениот месец на Филипче

Сите медицински кадри без разлика на партиската припадност на ВМРО-ДПМНЕ а досега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите медицински кадри без разлика на партиската припадност на ВМРО-ДПМНЕ а досега се игнорирани од менаџментот на клиниките заради тоа што се членови на партијата, во оваа ситуација безусловно се на располагање и треба да бидат максимално искористени вели  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Дојче веле. Мицкоски вели дека се прават малку тестови за корона, оти во министерството се соочуваат со недостиг на истите.

-Седум дена траеше „медениот месец“ на Филипче и останатите од власта. Тој меден месец заврши. Не можеме да аплаудираме… Јавно ќе поставам прашање: со колку здравствен персонал – лекари и средномедицински кадар, располага здравството? Колку епидемиолози има? Каде се ангажирани тие?.. Се тестираат само најакутните случаи, и оние кои имале контакт со заразен. А, стотици луѓе се вратија од ниско и високоризичните држави, вели Мицкоски.

Уште еднаш нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија стои на располагање, но се игнорирани, а состојбата со вирусот е загрижувачка.

Реклама

-Битката треба да се води брзо, на два фронта. Првиот е – како да ги одржиме бизнисите, а вториот – како да се обезбеди ликвидноста на буџетот. Во однос на првиот, Владата мора да покаже емпатија, и да покрие 50 проценти од трошоците на бизнисите. Мора да им покаже на сопствениците на бизнисот дека стои зад нив, и дека е подготвена да сноси половина од бруто трошоците за вработените. Второ, Народната банка треба да ги замрзне отплатите кон банките и заемодавателите, вели Мицкоски.

Мицкоски тврди дека пари за ова има, а во меѓувреме чекаат одговор за нивниот предлог посебно тело да помогне во соодветното обезбедување пари за оваа криза, но кое и ќе мониторира каде истите се трошат. Во тоа тело, би   ги номинирале дополнителната министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и поранешниот министер Трајко Славески.  Тој порачува да се купуваат македонски производи за поддршка на македонскиот бизнис.

Мери Ѓорѓиевска