Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Мицкоски: Тезите на опозицијата за јавниот долг се небулозни, освен арамилак друго не им е во нивната политичка матрица

Двете тези на пратениците од опозицијата во македонското Собрание за јавниот долг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двете тези на пратениците од опозицијата во македонското Собрание за јавниот долг се небулозни и на отворена сцена покажуваат непознавање на темата, оцени денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашањето во врска со јавниот долг на државата и каква е неговата структура.

– Тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, освен арамилак друго не им е во нивната политичка матрица – рече Мицкоски, додавајќи дека „сепак, тоа не е фабрика за јужно овошје па да тргуваат со бајати вакцини и слично, или пак да горат модуларни болници“.

Тој додаде дека првата теза на пратениците е зошто не биле запишани оние заеми што Јавното претпријатие за државни патишта ги зема.

Реклама

– Затоа што тие не влегуваат во јавниот долг и тоа треба да го знаат, затоа што има Закон за јавен долг. Тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат активностите, така се испорачуваат фактури и така се повлекуваат заеми и се плаќаат. Така што, првата им беше таа теза – рече Мицкоски.

​Што се однесува за втората теза на пратениците од опозицијата, зошто одлуката на Владата од 31 август за задолжување на меѓународен пазар не била во ребалансот на буџетот, Мицкоски одговори дека таа е за да се издаде еврообврзница во следната година и како што рече „за да можеме да ги вратиме нивните долгови кои што го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата“.

– За да може да ја вратиме обврзницата која што тие ја земаа во корона-кризата, за да можат да горат модуларни болници, за да можат да набавуваат бајати вакцини, а притоа граѓаните да бидат на дното според превенцијата, а на врвот по број на жртви за време на корона-кризата.​ Ете таа опозиција денес ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција која продолжува да биде континуитет на бандитската власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа власт во Македонија – подвлече Мицкоски, кој денеска беше во посета на општина Карпош.