Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Македонија заслужува јасен патоказ кон Европската Унија, со прецизни услови конкретен пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија заслужува јасен патоказ кон Европската Унија, со прецизни услови конкретен пат и гаранции дека ќе одиме напред – порача премиерот Христијан Мицкоски пред доаѓањето на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен. Таа во петок пристигнува во Скопје, во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан. Мицкоски вели дека Владата останува на ставот дека евроинтегративниот процес треба да се продолжи преку разговори и изнаоѓање решение, но истовремено нагласи дека условите со кои денес се соочува Македонија биле прифатени од претходната Влада.

„Па добро ние сме го кажале ставот многу пати до сега по тоа прашање. Јас немам што да додадам на тоа што сум го кажал и не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата којашто секој ден е, би рекол сѐ порадикален и личи како да се дојдени од некоја Али експрес испорака на некоја друга опозициска партија. Така што тој дел од опозицијата, не би сакал да го коментирам. А нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и да на крајот од денот најдеме решение.“ вели премиерот Христијан Мицкоски.

Фон дер Лајен ќе има средби со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Ќе се разговара за европската перспектива на земјава и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ. Предлогот за учеството на Брисел во дијалогот со Бугарија се очекува да се најде на маса. Владата бара целосен пресврт во преговарачкиот формат. Наместо средби зад затворени врати, премиерот бара присуство на трета страна, претставници на Европската комисија или на НАТО за објективно соочување на аргументите.

Реклама

Пораките од Европската комисија досега остануваат непроменети во однос на уставните измени. Посетата на Фон дер Лајен во петок ќе биде првиот директен тест, дали Скопје ќе успее да се избори за нов дипломатски маневар.

Фон дер Лајен е третиот висок европски дипломат кој доаѓа во Македонија во само неколку месеци. Претходно земјава ја посетија претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта  и еврокомесарката за проширување, Марта Кос кои исто така беа на балканска турнеја, што укажува на тоа дека во Брисел им е значаен развојот на Западен Балкан.