Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

Растот на животниот стандард во Македонија е резултат на макотрпна и посветена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на животниот стандард во Македонија е резултат на макотрпна и посветена работа на Владата, која ќе продолжи со исто темпо да работи и во иднина, посочи премиерот Христијан Мицкоски. Тој смета дека резултатите објавени од Евростат, кои се однесуваат на порастот на куповната моќ на ѓраѓаните, се доволен демант на невистините што опозицијата ги пласира во јавноста.

Се водеше плитка кампања која потворно беше демантирана и повторно тие ќе жалат и ќе бидат разочарани зошто Македонија не е најслаба, туку е многу подобра од неколку земји на ЕУ и од сите земји во регионот“, вели премиерот.

Пред два дена, Евростат ги објави податоците за минималните бруто заработки на земјите членки, но и на кандидатите. Бројките покажуваат дека минималната бруто плата кај нас изнесува 624 евраво бруто износ и за 10 години се зголемила за 388 евра, односно во 2016-та изнесува 236 евра.

Реклама

Ако се споредат бројките од пред три-четири години, ќе може да се забележи значаен напредок.- Дали е тоа доволно? Не е. Ќе продолжиме да работиме за уште подобро и повеќе. Мотивирани сме како никогаш“, додаде Мицкоски.

Ако се спореди по куповната моќ, според мерењата на Евростат Македонија е пред Србија, Црна Гора, Турција и Албанија, како и пред 7 други земји членки на Европската Унија.