Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти до крајот на годината во услови кога во светот е најголемата енергетска криза

Очекуваме годината да ја завршиме со раст на бруто-домашниот производ (БДП) меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очекуваме годината да ја завршиме со раст на бруто-домашниот производ (БДП) меѓу 3,5 и 4 проценти во услови кога ја имаме во светот најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија.

​Одговарајќи на новинарски прашања, по пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Општина Гевгелија, Мицкоски истакна дека ​економската активност покажува еден тренд на консолидирање на државата, имајќи ја предвид состојбата пред три години.

-Во вториот квартал има исклучително силна економска активност во Македонија. Убедливо најголема во регионот. Сѐ уште не се познати податоците за Грција, Косово и Албанија, но споредено со сите држави во регионот, од Турција преку Бугарија, Романија, Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска и така натаму, имаме убедливо најголем раст, и не само во вториот квартал, туку и во првото полугодие од годината – изјави Мицкоски.

Реклама

Според Мицкоски, овие резултати се постигнати во сложени глобални услови, додека светот се соочува со енергетска и економска криза, и Европската Унија бележи раст од 1,2%, а еврозоната од само 1%.

​- 2024 година ја завршивме со раст на бруто-домашниот производ од отприлика 3%, 2025 година 3,5%, оваа година во првата половина сме 3,7%, очекуваме годината да ја завршиме меѓу 3,5 и 4% во услови кога ја имаме во светот најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото, војната во Украина, но и сѐ поголемата економска криза во Европа и тоа мислам дека претставува навистина добар и позитивен резултат – изјави Мицкоски. 

Мицкоски нагласи дека Владата дава максимални напори за решавање на наследените проблеми и дека по 25-26 месеци напорна работа Македонија е значително подобро место за живеење. 

-Ќе повторам, дали е сѐ решено? Не е решено. Дали ќе се решава? Ќе се решава. Важно е да не правиме нови проблеми. И верувам и убеден сум дека денес Македонија е многу подобро место за живеење од пред три години, дека идеално не е идеално, и убеден сум дека за три години ќе биде многу подобро место за живеење од тоа што е денес – изјави Мицкоски