Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Економија

МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, јавниот долг останува стабилен и одржлив

Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година.Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување  стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти, соопшти попладнево Министерството за финансии.  […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година.Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување  стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти, соопшти попладнево Министерството за финансии. 

Стратегијата предвидува постепено стабилизирање и намалување на јавниот долг, кој според проекциите во 2031 година ќе се намали на 56,1 проценти од БДП и ќе остане под утврдениот праг од 60 проценти од БДП.

Документот ги утврдува насоките за финансирање на буџетските потреби, отплата на претходно преземени обврски и реализација на капитални инвестиции, при што фокусот останува на зачувување на фискалната стабилност и одржливоста на јавните финансии.

Реклама

– Во следниот период дел од средствата ќе бидат наменети за реализација на тековните инвестиции и инфраструктурни проекти, а дел за сервисирање и рефинансирање на претходно преземени долгови што достасуваат за отплата. Во Стратегијата е наведено дека за отплата достасуваат 500 милиони евра во 2027 година, 700 милиони евра во 2028 година и 500 милиони евра во 2030 година по основ на претходно издадени еврообврзници – соопшти Министерството за финансии.

Среднорочната политика за управување со јавниот долг има за цел обезбедување финансиски средства по најповолни услови, со внимателно управување со ризиците и натамошен развој на домашниот финансиски пазар.

– Со усвојувањето на Стратегијата, Министерството за финансии продолжува со политика на прудентно и одговорно управување со јавниот долг, насочена кон стабилни јавни финансии, поддршка на економскиот раст и сигурно финансирање на буџетските потреби. Имено, согласно последните објавени податоци за нивото на долгот, заклучно со 30 април 2026 година, државниот долг изнесува 51,5 проценти од БДП и бележи намалување од 0,4 п.п. во споредба со состојбата на крајот на март 2026 година. Намалување е регистрирано и во апсолутен износ, односно од 9,473 милијарди евра колку што изнесувал на 31 март, е намален на 9,398 милијарди евра. Јавниот долг согласно последниот објавен податок на крајот на март изнесува 58,9 проценти од БДП – се вели во соопштението.