Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

МФ: Објавен проспектот за третата Граѓанска обврзница, каматата 4,5 проценти

Министерството за финансии (МФ) денеска го објави Проспектот за издавање на нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии (МФ) денеска го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обрзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а граѓаните ќе може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година.

-Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише од страна на граѓаните. Купонската каматна стапка изнесува 4,5 проценти, а рочноста на обврзницата е 2 години, соопшти Министерството за финансии.

Оттаму прецизираат дека аукцијата ќе се одржи на 12 декември и оти понудите се доставуваат во деловните банки во земјава.

Реклама

-Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата достасува за првата година на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година, прецизираат од Министерството за финансии.

Ова е трета емисија на Граѓанска обврзница којашто ја издава Министерството за финансии. Двете емисии беа во вкупен износ од 41,1 милион евра и веќе се исплатени заедно со каматата за двете години. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра.