Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

МФ: Изворните приходи од даноци во Буџетот се реализираат согласно планираното и со раст во споредба со претходните години, расходите редовно се сервисираат

Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното, информираат од Министерството за финансии (МФ).

Нагласуваат дека податоците за реализација на Буџетот за 2026 година заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека  вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9 отсто од планираното и бележат раст од 9,3 проценти во споредба со истиот период претходната година. Приходите од даноци, како изворни приходи, се реализирани во износ од 117,963 милијарди денари или 55,33 отсто од планот и со раст во споредба со истиот период претходната година од 10 проценти.

-Кај даночните приходи најголема реализација согласно планот од 62,8 отсто е евидентирана кај Данокот на добивка од којшто во Буџетот се слеани 16,687 милијарди денари што е раст од 20,6 проценти во споредба со седумте месеци од 2025 година. Реализација од 56,78 отсто од планираното има кај ДДВ со остварени 53,026 милијарди денари или раст од 13,4 проценти во споредба со периодот 01.01.-31.07.2025 година. Од Данок на личен доход се остварени 20,925 милијарди денари или 53,93 отсто од планот и раст во споредба со истиот период лани од 11,9 проценти. Увозните давачки се реализирани во износ од 9,361 милијарди денари што претставува 56,4 отсто од планот и бележат раст од 10,3 проценти. Истовремено е извршен и поврат на ДДВ кон компаниите во износ од 23,333 милијарди денари што е за 3,5 отсто повеќе од извршениот поврат во периодот јануари-јули 2025 година. Имено податоците за реализацијата на овие изворни приходи упатуваат на одржување на тренд на стабилност и раст во економијата, на што упатуваат и за последните податоци објавени за индустриското производство во јуни кога е забележан раст од 6,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, прецизираат од МФ.

Реклама

На расходната страна, како што посочуваат, значајна реализација има кај капиталните расходи во износ од 21,288 милијарда денари што е раст од 39,6 отсто во споредба со реализацијата на капиталните расходи во првите седум месеци од 2025 година. Исто така, за поддршка на проекти во домашните компании се трансферирани и 717 милиони денари кон Развојната банка.

-Извршена е исплата на 49,351 милијарда денари обврски по основ на стари долгови на странскиот пазар, како и 11,665 милијарди денари отплати кон домашни кредитори. Во овој период се исплатени и обврзници по основ на денационализација во износ од 308 милиони денари, нагласуваат од Министерството за финанси.