Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, релизирани 92 отсто од вкупните средства

Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, како што информираат од МФ, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании.

Со трансферот, како што информираат од МФ, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра.

-Ова претставува 92 отсто реализација на кредитната линија што ја обезбеди Владата од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95 отсто годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Реклама

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.