Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Прилози

Месецов на тутунарите целосно ќе им бидат исплатени ланските субвенции

На македонските тутунопроизводители до средината од месецов во целост ќе им бидат исплатени ланските субвенции, уверуваат од Сојузот на тутунски здруженија. Пролонгирањето на оваа исплата се случило заради барањето решение за оние 90-тина кооперанти кои зедоа субвенции за пријавени, а необработени површини, и кои требаше тие средства да и’ ги вратат на државата. Стануваше збор […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На македонските тутунопроизводители до средината од месецов во целост ќе им бидат исплатени ланските субвенции, уверуваат од Сојузот на тутунски здруженија.

Пролонгирањето на оваа исплата се случило заради барањето решение за оние 90-тина кооперанти кои зедоа субвенции за пријавени, а необработени површини, и кои требаше тие средства да и’ ги вратат на државата.

Стануваше збор за сума од околу 360.000 – 400.000 евра, а за кои сега од Сојузот уверуваат дека после интензивните преговори со надлежните државни институции, овие пари сепак ќе си останат кај тутунарите. А во иднина, со Закон да биде регулирано – субвенциите да се добиваат само според количина предаден род, а не и според обработена површина. Засега не е познато како државата ќе си ја покрие оваа „дупка“

Реклама

„Со напорна работа, со состаноци со релевантните фактори во државава, успеавме да не ги враќаат тутунарите тие средства, така што за новите субвенции што се, сите што имаат стекнато право за добивање на субвенции, ќе си ги добијат. Значи, најавата што беше за 2024 дека треба да ги вратат субвенциите, нема враќање, нема повраток, да бидат раат тутунопроизводителите…..Тоа го работиме сега, да го внесеме во Закон, за најмалку тоа да го осетат тутунопроизводителите врз нивната кожа“ – тврди Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

И додека се очекува исплатата на ланските субвенции, бербата на тутунот од годинашната реколта е на прагот. Според склучените договори со околу 35.000 коопернати, годинава се очекуваат околу 31 милион килограми тутун, засадени на 15.000 хектари. Тутунарите се надеваат на добра земјоделска година.

„Почната е веќе и бербата во Источниот дел на Македонија, а овде во Пелиганискиот регион очекуваме да почне од наредната недела, особено во Канатларци да почнат и тука со берба“ – појаснува Ристески.

„Од лани имам повеќе 4 декари, или 24 декари комплет имаме насадено. Очекувам, во завосност од времето, до 5 тона тутун…Зголемување имам оти сега моментално тутунот е најплатена култура во земјоделството, други средства немаме освен тутунот и сме благодарни од цената, од субвенциите“, – рече Џемаљ Назифоски, тутунар од долненско.

Сепак, заради влошените климатски услуви, тутунарите бараат поголема заинтересираност и од осигурителните компании за осигурување на родот, а која со годиини е многу слаба или речиси никаква.