Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

МЕРМС: Владата ги усвои заклучоците за формирање на Оператор на пазар на природен гас, клучен чекор кон либерализација и модернизација на гасниот сектор

Владата  ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од формирање на оператор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата  ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од формирање на оператор на пазар на природен гас и ги донесе соодветните заклучоци за преземање на конкретни чекори за негово функционално воспоставување, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

Следствено на донесените заклучоци, препораките и задолжувањата се однесуваат на МЕМО ДООЕЛ Скопје за да ја започне постапката и процесот за воспоставување на оператор на пазар на природен гас, согласно законските прописи од областа на енергетиката. МЕМО ДООЕЛ Скопје има обврска да изготви и достави сеопфатен план кој ќе ги опфати сите организациски, технички, ИТ, легислативни и финансиски параметри, како и редовно (најмалку еднаш на три месеци) да ја известува Владата, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерството за финансии и Регулаторната комисија за енергетика за напредокот на активностите.

Правната рамка за организирање и управување со пазарот на гас како регулирана енергетска дејност од јавен интерес е поставена со Законот за енергетика уште во 2018 година. И покрај тоа што со овој закон успешно е воспоставен оперативен пазар на електрична енергија преку формирањето на МЕМО ДООЕЛ Скопје, соодветната институционална структура за гасниот сектор е новоспоставена во изминатите години.

Реклама

Преку деталните анализи и подготовката на оваа информација, разгледувани беа регионалните пазарни модели (од целосно либерализирани системи како Австрија и Унгарија, до хибридни модели во Грција, Хрватска, Бугарија и Романија). Притоа се дојде до заклучок дека воспоставувањето на нов, посебен субјект би барало долготраен период за имплементација, високи административни и оперативни трошоци и комплицирани процеси.

Напроти тоа, МЕМО ДООЕЛ Скопје веќе располага со функционална ИТ-платформа, развиен систем за пазарно порамнување и докажана експертиза во управувањето со енергетски пазари. Доделувањето на надлежноста за пазарот на гас на МЕМО ДООЕЛ претставува најрационално, најповолно и најбрзо решение. Овој пристап е целосно во согласност со европските практики за транзициски пазари и овозможува постепено создавање на интегриран (комбиниран) пазарен оператор за електрична енергија и природен гас.

-Носењето на овие заклучоци и доделувањето на оваа функција имаат суштинско и стратешко значење за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како и за целокупниот енергетски сектор во земјата во однос на подготовката на гасните интерконектори, пазарната конкуренција и транспарентност, за усогласувањето со ЕУ регулативата и институционалата ефикасност. Македонија интензивно работи на клучните инфраструктурни проекти – гасните интерконектори со Грција (со планирано пуштање во средината на 2027 година) и со Србија (на крајот на 2028 година). Овие проекти ќе овозможат пристап до нови извори на снабдување (вклучително и LNG терминали) и нов бран на трговски текови. Без функционален пазарен оператор, ефикасното користење на оваа нова инфраструктура би било оневозможено. Затоа, воспоставувањето на операторот овозможува премин од почетната фаза на либерализација кон созревање на гасниот пазар, формирање на транспарентни и пазарно засновани цени, како и воведување на ефикасни балансни механизми во корист на учесниците на пазарот и крајните потрошувачи, велат од МЕРМС.

Со овој чекор, додаваат Министерството и државата директно ги исполнуваат преземените обврски од европската регулаторна рамка и целите на Енергетската заедница за целосна интеграција со регионалните пазари. Дополнително, со искористување на капацитетите на МЕМО ДООЕЛ Скопје се обезбедува максимална заштеда на јавни средства и ресурси, гарантирајќи брз, оперативен и сигурен премин кон соодветна организација на пазарот.

-Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на блиската координација со сите релевантни институции со цел навремена и успешна реализација на донесените заклучоци, порачуваат од МЕРМС.