Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Економија

МЕРМС: Напредува гасоводот со Грција, се подготвува интерконекторот со Србија и се работи на оспособување на домашната мрежа

Изградбата на интерконективниот гасовод со Грција, подготовката на гасното поврзување со Србија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на интерконективниот гасовод со Грција, подготовката на гасното поврзување со Србија и активностите за оспособување на изградените домашни делници се конкретните процеси преку кои продолжува развојот на гасната инфраструктура во Македонија. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и НОМАГАС работат на создавање услови за посигурно снабдување, пристап до различни извори на природен гас и поголема регионална поврзаност – соопшти денеска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).  

На интерконекторот со Грција, во должина од 68 километри на македонска територија, се реализираат градежните активности. Според проектните податоци доставени на 19 октомври, испорачани се 64 километри цевки, заварени се 43 километри, а 18 километри се спуштени во ров. Реализацијата на експропријацијата е наведена со 97 проценти.

Договорот за изведба е склучен на 7 мај 2025 година, а планираното завршување е во средината на 2027 година. Финансиската конструкција на проектот опфаќа инвестициски грант и договори за заеми со Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Ова поврзување треба да отвори дополнителни можности за снабдување со природен гас и да ја зајакне сигурноста на системот.

Реклама

Паралелно се подготвува интерконекторот со Србија, со предвидена должина од 23 километри на македонска територија. По договорот од 27 август 2026 година започнати се активности за дефинирање на трасата и проектирање. Според проектната документација, предвидено е финансирање од сопствени средства на НОМАГАС.

Се работи и на создавање услови за пуштање во употреба на домашните гасоводни делници. На Клечовце–Неготино и Неготино–Битола, според доставените материјали, се спроведуваат активности за сервисирање, проверка на интегритетот и сушење, по што е предвидено тие да продолжат и на Скопје–Тетово–Гостивар. Трите делници имаат вкупна должина од 277 километри. Техничките проверки и подготовката се неопходни чекори за нивно безбедно ставање во функција.

Овие активности покажуваат дека гасоводното поврзување продолжува, со проекти во различни фази: изведба, проектирање и подготовка за употреба. Напредокот треба да се оценува според реализираните работи и исполнетите технички услови, а не преку општи политички квалификации за откажување од гасификацијата.

Во однос на реакциите на СДСМ и Левица за ребалансот, Министерството во соопштението појаснува дека буџетските усогласувања се разгледуваат според намената на средствата, условите за нивно користење и можноста за реализација во тековната година. Промената во потпрограмата „Гасификација“ не треба автоматски да се изедначува со кратење на средствата за изградба на гасоводите. И покрај претходно дадените појаснувања, продолжува да се изнесува неточното тврдење дека буџетското усогласување значи откажување од гасификацијата, со што јавноста се доведува во заблуда.

Владата и Сугарески ги пробија сите рокови и доцнат со гасификацијата на земјата. Гасоводната линија Неготино - Битола требаше да биде завршена уште во февруари, а сега наместо уште да се раб

Средствата за кои Министерството претходно даде образложение беа планирани за набавка и складирање природен гас за стратешки резерви. За нивно користење не е доволно само да се обезбедат гас и складиштен простор: потребен е и сигурен транспортен капацитет до Македонија. Ограничената достапност на прекуграничните капацитети кон Бугарија влијае врз можноста оваа набавка да се реализира според планираната динамика. Оттука, буџетското усогласување треба да се разгледува во контекст на реалните услови за снабдување, а не како одлука за напуштање на гасификацијата.

Изградбата на гасоводната инфраструктура е одделен процес, со конкретни договори, извори на финансирање и технички фази. Напредокот на интерконекторот со Грција, подготовката на поврзувањето со Србија и активностите на домашните делници се показателите според кои треба да се оценува реализацијата. Министерството останува насочено кон безбедно ставање на инфраструктурата во функција и создавање услови за посигурно и поразновидно снабдување со природен гас – се нагласува во соопштението.