Општина Крива Паланка упати апел до граѓаните, даночните обврзници, кои имаат неподмирени долгови по основ на данок на имот за тековната 2026 година, како и заостанати долгови за изминатите фискални години во најкраток временски рок да пристапат кон целосно подмирување на долгот за да избегнат дополнителни трошоци за присилна наплата.
-Општина Крива Паланка ги известува сите граѓани на општината дека планира спроведување на соодветна постапка за присилна наплата на сите доспеани, ненаплатени, побарувања по основ на данок на имот за физички и правни лица. Постапката за присилна наплата ќе биде спроведена во текот на месец ноември и декември, почнувајќи од 15.11.2026 година. За таа цел, ги повикуваме сите граѓани да ги подмират заостанатите обврски,за побарувањата да не мора да бидат наплатени по пат на присилна наплата, постапка што ќе произведе дополнителни финансиски трошоци кои ќе бидат на товар на самите даночни обврзници, се наведува во соопштението од општината.
Оттаму нагласуваат дека редовното и навремено плаќање на данокот на имот претставува законска обврска, но и директен придонес на секој граѓанин во развојот на нашата општина.
-Приходите од локалните даноци се значаен извор на средства за реализација на општинските програми, подобрување на комуналната инфраструктура, унапредување на јавните услуги и создавање подобри услови за живот на сите граѓани на општината, додаваат од Општина Крива Паланка.

