Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Промоција на новата зимска маркација од Попова Шапка до Титов Врв

Новопоставената маркација на зимската планинарска патека од Попова Шапка до Титов Врв…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новопоставената маркација на зимската планинарска патека од Попова Шапка до Титов Врв ќе биде промовирана денеска на Попова Шапка во рамки на Славков-проектот „Маркација на планинарски патеки во Македонија“.

Проектот е финансиран од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, а го спроведуваат Планинарската федерација на Македонија и организацијата Одржливи авантуристички патувања – Скопје.

На промоцијата е најавено присуство на амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка, градоначалниците на Тетово и Боговиње, претставници на Министерството за култура и туризам, Националниот парк „Шар Планина“ и други институции и организации вклучени во реализацијата на проектот.

Реклама

По официјалниот дел ќе биде организирана планинарска тура низ пределите на Шар Планина, од Церипашина до врвот Антени на 2.530 метри надморска височина.

На настанот ќе присуствува и познатиот чешки алпинист и добитник на престижната награда „Пиолет д’Ор“, Марек Холечек, кој престојува во земјава како специјален гостин на Фестивалот на планински филм ЕХО.

Промоцијата ќе почне во 9 часот кај информативната табла во близина на хотелот „Скардус“ на Попова Шапка, а претставниците на медиумите ќе имаат можност да проследат изјави и да снимат видеоматеријали од настанот.