Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Прилози

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Мерките за справување со нафтениот шок ќе предизвикаат минус во буџетот од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мерките за справување со нафтениот шок ќе предизвикаат минус во буџетот од 97 до 114 милиони евра. Помал прилив за 81,3 милиони евра ќе има само од намалените акцизи за 4 денари кај бензините и дизелот. Премиерот Мицкоски вели дека и покрај штетите врз државната каса, целта е да се заштити и задржи животниот стандард на граѓаните. Додава дека иако денеска има мало намалување на цените на нафтата на светските берзи, никој не очекува брзо завршување на кризата на Блискиот исток.

„Станува збор за 6-7 милијарди. Тоа се нашите проценки. Ја разгледуваме можноста да се направи ушет еден ребаланс, но она кое што претставува наш приоритет како Влада, е да го задржиме стандардот на граѓаните, да се контролира ниското ниво на инфлација, и нормално да ја задржиме најниската цена на горивата не само во регионот туку и во Европа“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Засега инфлацијата е под контрола и е значително помала од онаа во еврозоната. Премиерот Мицкоски вели дека, очекувано, најголем предизвик со кој Владата се соочува е токму неизвесноста кога станува збор за нафтата. Засега се уште се размислува дали ќе има втор ребаланс на буџетот и колкави промени ќе има кај расходите и приходите.

Реклама

За време на посетата на САД, министерката за финансии Димитриеска Кочоска, рече дека доколку се донесе одлука да се направи ребаланс на буџетот, нема да има корекции кај проекциите за економски раст, дефицит и задолжување. Министерката е задоволна од стапката на раст во вториот квартал од 4,3%. Дефицитот, пак, ќе остане на исто ниво, бидејќи би се кратело и кај приходите, и кај расходите. За неполни 9 месеци годинава, во буџетот биле собрани 4,2 милијарди евра или 68,34% од проектираното. Од државната каса, пак, биле потрошени 4,8 милијарди евра или 70% од предвиденото до крајот на годината..