Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мерки на претпазливост за маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 и Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението.

Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да и се заканува, по што зел вазна со која фрлил кон оштетената. Не ја погодил, туку удрил во ѕидот, а оштетената исплашена за својата безбедност веднаш ги зела децата и заминала кај нејзината мајка, додаваат од ОЈО Скопје.

Два дена подоцна, осомничениот со своето возило го пресретнал патот на автомобил во кој била оштетената и уште едно лице, започнал да ги навредува и да им се заканува, а потоа со нога, тупаници и предмети удирал повеќе пати во возилото. Со овие насилнички дејствија предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените.

Реклама

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиште, обврска да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана на посетување на одредено место или подрачје, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со оштетената, соопшти ОЈО Скопје.