Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Момчето што скрши вратен пршлен во Кушадаси е во подобрена  здравствена состојба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Момчето што скрши вратен пршлен во Кушадаси е во подобрена  здравствена состојба и почнал самостојно да јаде.   Др. Мерџановски вели дека тој е контактибилен и свесен, дише самостојно и  е надвор од животна опасност. Следните денови  ќе биде префрлен на трауматологија а потоа ќе започне и со физикална рехабилитација.

– Физикалаците веќе почнуваат да работат со пациентот и веќе во следнава недела веројатно ќе биде префрлен во одделот за трауматологија каде што уште повеќе ќе се работи со физикалната терапија на поврденото момче. После ќе биде префрлен во центрите за рехабилитација и да се надеваме дека ќе биде со во редистакна директорот на ТОАРИЛУЦ др. Игор Мерџановски

Мерџановски апелира до родителите и децата да се внимава кога се скока во базени  или плитки води, за да не дојде до несакана повреда на рбетниот столб па дури и инвалидитет.

Реклама

-Овие повреди се едни од најтешките повреди на вратот на рбетниот столб  едни од најтешките повреди каде што се оштетува рбетниот мозок. При самото скокање ако е плитко се дочекуваат на главата со нестаегната мускулатура затоа што е тоа рекреативно скокање каде што настанува кршење на дел од вратните пршлени. При тоа кршење на вратните пршлени настанува експлозија која што го оштетува рбетниот мозокистакна директорот на ТОАРИЛУЦ др. Игор Мерџановски

Апелира посебно внимание да се обрне и при возењето на мопедите и тротинетите бидејќи и таму  повредите се токму на рбетниот столб .Инаку по барање на турските лекари и поради сериозноста на повредата, повреденото момче вчера со организиран  медицински транспорт со владиниот авион беше  пренесно и   хоспитализирано на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување.