Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Меморандум за модернизација на Зоолошките градини во Скопје и Битола

Подобрување и реновирање на живеалиштата, унапредување на условите за животните и подигнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобрување и реновирање на живеалиштата, унапредување на условите за животните и подигнување на стандардите на функционирање на Зоолошките градини во Скопје и Битола се приоритети кон кои ќе се стремат одговорните институции. Зоолошката градина во Скопје има еден век грижа, посветеност и едукација за многу генерации деца, кои го направиле првиот чекор за разбирање на природата. Надлежните велат дека во време кога светот се соочува со промени на видовите, климата и уништувањето на природните живеалишта, секоја спасена врста на животинскиот свет претставува чекор кон подобра иднина.

„Зоолошките градини денес се место каде не само што се гледаат животни, туку тие се и центри за едукација, за заштита на биодиверзитетот, научна работа и подигнување на јавната свест за зачувување на природата. Нашата визија е Зоолошката градина Скопје да продолжи да се развива како современ и едукативен центар каде што ќе се учи значењето за заштитата на животинскиот свет“, изјави Катерина Костова, директор на ЗОО Скопје.

Министерот за животна средина Муамет Хоџа вели дека за да ја зачуваме планетата треба секој да почне од сопствениот двор.

Реклама

„Денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за животна средина и Зоолошките градини во Скопје и Битола е вистински пример за тоа. Нашата цел е јасна, сакаме овие институции да ги трансформираме во модерни европски центри. Центри кои примерно ќе се грижат за благосостојбата на животните, заштитата на дивиот свет и едукацијата на младите“, изјави Муамет Хоџа, министер за животна средина.

Инаку, Природонаучниот музеј на Македонија оваа година одбележува 100-годишен јубилеј од основањето, заедно со Зоолошката градина.