Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Меланија Трамп негира врски со Џефри Епстин

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ги отфрли сите врски со осудениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ги отфрли сите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. „Лагите што ме поврзуваат со срамниот Џефри Епстин мора денес да престанат“, изјави таа во едно од ретките обраќања од Белата куќа.

„Никогаш не сум била пријателка со Епстин. Доналд и јас повремено бевме поканувани на исти забави како Епстин, затоа што во Њујорк општествените кругови се преклопуваат“, објасни таа.

Меланија додаде дека никогаш немала никаква врска со Епстин или неговата соработничка Гислејн Максвел. Сепак, објавените судски документи содржат имејл од 2002 година, во кој Меланија ѝ пишува на Максвел: „Изгледаш одлично“. Првата дама го повика Конгресот да овозможи јавни сослушувања за жртвите на Епстин.

Реклама

Аферата Епстин останува политички чувствителна за претседателот Трамп, бидејќи со години бил пријател со финансиерот кој почина во притвор во 2019 година. Неодамна објавени документи на ФБИ покажуваат дека Трамп уште во 2006 година наводно знаел за злосторствата на Епстин — што е во спротивност со неговите тврдења дека не знаел ништо.