Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Меѓународен научен собир на Институтот за старословенска култура: „Идеолошки концепти во културното наследство“

      Исклучително богатата, но се’ уште недоволно истражена ризница на македонското материјално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      Исклучително богатата, но се’ уште недоволно истражена ризница на македонското материјално и нематеријално културно-историско наследство, врз кои и во 21 век се’ уште се кршат копјата околу тоа кое е и чие е одредено наследство, беше темата на дводневниот Меѓународен научен собир на Институтот за старословенска култура, под наслов: „Материјализација на мислата – Идеолошки концепти во културното наследство“, кој се одржа во Прилеп.

   „Јас сметам дека единствениот начин да се дојде до вистината и до одговорите за сите овие прашања кои што се отворени, се токму овие научни истражувања и дека преку науката единствено може да се стигне до продлабочени и вистински сознанија. Токму на овој Научен собир предвидено е да има еден таков дијалог со партиципанти од различни земји, од земјата, од околните држави, од САД“, – изјави д-р Александар Василески, директор на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.

  „Во рамките на моето предавање јас ќе ги презентирам резултатите од истражувањата кои што беа спроведувани на Археолошкиот локалитет „Црнобуки“ во Демир Капија  кои ги реализиравме  во соработка со Заводот и Музеј од Битола и Институтот за старословенска култура од Прилеп“, – рече Џесика Рудел, струдент-истражувач од Колумбија, САД.

Реклама

  Примарната цел за одржување на овој Научен собир беше да се промовираат суштинските вредности на материјалното и нематеријалното културно наследство, кои пред се’ се втемелени во културната историја и традиција. Овој Научен собир ќе даде значаен придонес кон интернационалната афирмација на македонското културно наследство, како значаен ресурс на колективната меморија и културната размена, објаснува д-р Василески. Со презентациите и дискусиите се придонесува во разбирањето и значењето кое го имале и го имаат идеолошките парадигми и религсиските сфаќања на општествено и индивидуално ниво, како и за нивното влијание врз архитектурата, уметноста, обичаите, јазикот, фолклорните и литературните творби. Во оваа насока, Институт досега има издадено и бројни научни публикации кои се од особена важност за понатамошните истражувања на националното културно наследство.