Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Отпорноста почнува дома, подготвеноста за поплави може да ги намали ризиците и да спаси животи

Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи, кој секоја година се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи, кој секоја година се одбележува на 13 октомври, годинава е посветен на темата „Отпорноста почнува дома“. Темата ја нагласува важноста на безбедниот дом, информираноста и подготвеноста на семејствата и заедниците за справување со ризиците од катастрофи. Главната порака е дека не можеме секогаш да ја спречиме поплавата, но можеме да го намалиме ризикот и да се подготвиме да реагираме навреме.

– Во фокусот на одбележувањето е пораката дека намалувањето на ризикот започнува со разбирање на опасностите, навремена подготовка и преземање конкретни мерки за заштита. Кога станува збор за поплавите, познавањето на локалните ризици, следењето на предупредувањата и знаењето како да се реагира можат да придонесат за заштита на човечките животи и имотот – велат реализаторите на проектот. 

Во контекст на Македонија, велат, ризикот од поплави претставува особено релевантна основа за подигнување на јавната свест.

Реклама

– Поплавите можат да предизвикаат загуба на човечки животи, оштетување на домовите и инфраструктурата, прекин на основните услуги и значителни економски загуби. Намалувањето на овие последици бара комбинација од процена на ризикот, превенција, подготвеност, рано предупредување, координиран одговор и јавна свест – се вели во соопштението.

Кампањата се организира по повод Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи, во рамки на проектот „Подобрена имплементација на Директивата на ЕУ за поплави преку усогласување на националното законодавство и подготовка на планови за управување со ризикот од поплави“, ко-финансиран од Европската Унија, 

Проектот работи на унапредување на системот за управување со ризикот од поплави во Македонија, преку усогласување на националното законодавство со Директивата на ЕУ за поплави, процена на ризиците во десет речни подсливови, изработка на карти на опасност и ризик од поплави и подготовка на планови за управување со ризикот од поплави. Активностите треба да придонесат за подобро планирање, поефикасна превенција и подготвеност и зајакнување на отпорноста на заедниците.

Преку кампањата, проектот ќе ги поттикне граѓаните да се информираат за ризиците од поплави во нивната околина, да ги подготват своите домови и семејства, да препознаваат предупредувања и да знаат како да постапат во итни ситуации. 

Кампањата ќе продолжи со јавен настан на 18 октомври 2026 година, во просторот „Школка“ во Градскиот парк во Скопје. Настанот ќе биде отворен за граѓаните од сите возрасти и ќе понуди интерактивни и едукативни активности за подготвеност за поплави, домашна итна торба, препознавање на ризиците, и правилно постапување во итни ситуации.