Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Меџити: Во Кавадарци инвестираме над еден милион евра во подобрување на водната инфраструктура

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес беше во посета на општина Кавадарци како дел од владината делагација предводена од премиерот Христијан Мицкоски која направи увид во реализацијата на повеќе проекти од различни области што се реализираат со државна помош.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити најави дека во Кавадарци, заедно со општината Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање се финансираат три проекти во делот на подобрување на водната инфраструктура со вкупна вредност од 1 милион и 300 илјади евра, од кои околу 1 милион евра се неповратни грант средства државна помош, а 300 илјади евра е сопствена контрибуција на општината. Овие средства се обезбедени преку кредитната линија од Европската инвестициска банка наменета за сите општини во државата.

-Во село Моклиште градиме на водоводна и канализациона мрежа во должина од 6.4 километри и резервоар со капацитет од 150 метри кубни. Во самиот град Кавадарци ја градиме водоводната и канализационата мрежа во блок 5.9 ул. „Вељко Влаховиќ“ со што за оваа новоизградена населба ќе обезбедиме поврзување на станбените објекти со постоечката водоводна и канализациона мрежа за 400 домаќинства и набавуваме водомери со далечинско отчитување за замена или поставување на нови мерни инструменти за над 2000 домаќинства, изјави Меџити.

Реклама

Според него, со овие проекти Владата и Министерството за животна средина вложуваат во подобрувањето на животниот стандард на кавадарчани и социо-економскиот развој на општината. Од друга страна државата ја помага општината и со имплементација на нова современа технологија за точно отчитување на потрошената вода со што ќе се намалат загубите на вода на територија на Oпштината и ќе се овозможи одржливо и економично управување со водните ресурси, со што се заштитува и животната средина.