Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Меџити: Почиста иднина за 18 општини – стигнува новата опрема во вредност од 10.7 милиони евра!

Првиот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање г.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање г. Изет Меџити денеска потпиша 2 договори во вредност од околу 10,7 милиони евра со кои ќе обезбеди и испорача нова опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, како дел од реализацијата на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.

Со овие два договора, информираше Меџити е опфатено снабдување на општините Дебар, Струга, Битола, Кичево Прилеп, Долнени и други рурални општини со сеопфатна механизација: контејнери, канти, специјализирани камиони-компактори, скип-лифтови и кипер возила, односно сè што е потребно за ефикасно собирање, транспорт и одлагање на отпадот од страна на комуналните претпријатија во општините, во согласност со европските стандарди.

– Со оваа значајна испорака на опрема која е сериозен чекор напред кон одомаќинување на европските еколошки стандарди, продолжуваме со реализација на нашата стратешка цел – изградба на одржлив и интегриран регионален систем за управување со отпад. Благодарност до сите партнери кои денеска се со нас и сесрдно го поддржуваат овој процес“ изјави министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Реклама

Опремата, согласно доставените барања од општините, се состои од пластични канти со капацитет од 120 литри, метални контејнери со волумен од 1.1 м³, специјализирани камиони-компактори со капацитет од 8 и 12 м³, скип-лифт возила за собирање на отпад, како и камиони-кипери за транспорт на отпаден материјал.

Новата механизација овозможува поефикасно собирање, транспорт и управување со отпадот и ќе се стави во функција на подобра јавна хигиена и заштита на животната средина. Со неа директно се подобруваат условите за работа на општинските јавни претпријатија и се овозможува поголема достапност на комуналните услуги за граѓаните.

Финансиската поддршка за оваа набавка е обезбедена преку Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), со дополнителна помош од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO), Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Владата на Шведска преку СИДА.