Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Прилози

Меџити: ДУИ се хистерични, во паника и без визија, Ахмети не може да се навикне на длабока опозиција

ДУИ се хистерични, во паника и без визија. По реакциите за укинувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ се хистерични, во паника и без визија. По реакциите за укинувањето на балансерот, на ред дојде и албанскиот јазик. Сега си припишуваат како заслуга неспостоечки закон , затоа што јазикот кој го зборуваат Албанците во Македонија е заштитен со законот за употреба на јазиците со кој се опфатени сите јазци кои се говорат тука. Дека посебен закон за албански јазик  не постои вели и вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити. Според него Али Ахмети не може да се навикне на длабока опозиција.

-Хистерични се, истите за да сфатите како реагираат ДУИ на овие работи, министрите на ДУИ во минатата Влада имаат писмено мислење, значи имаат дадено мислење во врска со балансерот, и сите до еден дале негативно мислење дека на балансерот му е поминат рокот, не е соодветен механизам. Истите тие кога се укина од Уставниот суд, од судии кои што беа избрани од нивното мнозинство, ти испаѓаат и протестираат зошто се укинува балансерот, а сами си го барале тоа, изјави Меџити.

Иако и косовскиот премиер Албин Курти кажа дека албанскиот јазик во Македонија не е загрозен, ДУИ продолжува со истата реторика .

Реклама

-Започнат е директен напад врз албанскиот јазик, нашиот најважен симбол на идентитетот. Во Уставниот суд се поднесени иницијативи кои имаат за цел да ја вратат историјата наназад. Оспорувајќи го законот за употреба на јазиците, законот кој го прави втор официјален јазик, изјави Ардита Дани од ДУИ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети претходно со заканувачка реторика, кажа дека Албанците ќе станеле на нозе, доколку се чепнел законот. За ваквите пораки студен туш доби од Албин Курти, кој кажа дека овој закон воопшто не ни бил за албанскиот јазик, туку за јазиците на сите заедници кои се над 20 проценти во Македонија.