Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Меџити: Муралот на Исмаил Ќемали ги поврзува историјата и младите генерации

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на настанот организиран во ООУ „Исмаил Ќемали“, каде беше презентирана свечената програма подготвена од учениците и беше промовиран муралот посветен на ликот на Исмаил Ќемали, се вели во соопштението од Општина Чаир.  Во свечена атмосфера, училишниот двор се претвори […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на настанот организиран во ООУ „Исмаил Ќемали“, каде беше презентирана свечената програма подготвена од учениците и беше промовиран муралот посветен на ликот на Исмаил Ќемали, се вели во соопштението од Општина Чаир. 

Во свечена атмосфера, училишниот двор се претвори во простор каде што уметноста, образованието и историското паметење се споија преку настапите на учениците и претставувањето на новиот мурал, кој пред младите генерации го доближува ликот на човекот што го подигна знамето на независноста.

„Овој мурал е повеќе од уметничко дело. Тој е траен потсетник на личностите што ја создадоа нашата историја и инспирација за младите генерации кои растат со вредностите на знаењето, идентитетот и љубовта кон татковината“, изјави Меџити.

Реклама

Енергијата и креативноста на учениците му дадоа посебно значење на овој настан, создавајќи симболична врска меѓу минатото, сегашноста и иднината, токму на денот посветен на децата.