Калето, старата Скопска чаршија, Аквадуктот. Ова се само дел од проектите со кои градот Скопје се подготвува за 2028, кога македонската мертропола ќе биде Европски град на културата. Подготовките се во полн ек. На терен се работи на сите овие проекти во соработка со Министерството за култура и со поддршка на Владата. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ќе ги искористи како пример искуствата и предизвиците на своите колеги од Кемниц, Нова Горица и Горица, кои денеска беа негови гости. Со овој проект се очекува да се обединат скопјани и да се поттикне туризмот во градот.
-Планираме во рамки на процесот а тоа е реконструкција на Калето, најголем дел од настаните ќе бидат одржувани на Калето. Старата скопска чаршија која што од вчера благодарение на поддршката на Министерството за култура започна да се реконструира. Аквадуктот едно место кое што е вистински симбол на градот Скопје на реткост во Европа“, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Паралелно, градот подготвува и низа други проекти. Во план е изградба на мега паркови, а објектот на старата пошта како репрезентативен симбол на градот да се претвори во младински хаб. Интензивно се работи и на клучните булеварски решенија, Момин поток, Љубљанска и Борис Трајковски кои треба да бидат готови до крајот на годинава:

-Можеби малку покрај инфраструктурава и сериозните пролеми кои што ги имавте ги имавме во минатото ги споменувам овие културни објекти. Но да знаете дека даваме се од себе кога сме веќе таму Зоолошката градина исто е во реконструкција во моментов, многу од ѓивеалиштата се реконструктурираат. Така да апсолутнио секаде дејствуваме и што е најваѓно сме консолидирабни финансиски“, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Во фаза на евалуација се и набавка на 100 автобуси за градот Скопје и 50 за внатрешноста. Дополнително и 40 нови камиони за Комунална Хигиена. Ѓорѓиевски најави дека до септември ќе почне да работи и киното Милениум.
.
