Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ФЗО ги демантира обвинувањата на гинеколозите – тврди дека дијалогот продолжува, нуди заедничка работна група

Спор околу новиот договор за матичните гинеколози. Здружението на приватни гинеколози и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спор околу новиот договор за матичните гинеколози. Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира дека Фондот за здравствено осигурување не прифатил ниту една од нивните предложени измени и забелешки во драфт-верзијата на договорот. Од Здружението бараат во договорот јасно да бидат дефинирани видот, обемот и фреквенцијата на гинеколошките и акушерските прегледи што се покриени со капитацијата.

Според нив, ова е главниот системски проблем со кој се соочуваат матичните гинеколози во секојдневното работење. Бараат услугите да бидат утврдени согласно медицината базирана на докази и преточени во национално клиничко упатство.

Од Фондот, пак, реагираат дека се изненадени од ваквите јавни обвинувања и тврдењата дека не бил овозможен дијалог. Потсетуваат дека на 28 октомври се одржала работна средба со претставници на Здружението, на која било договорено продолжување на разговорите. На денешната средба, организирана за разгледување на предложените договорни решенија, претседателот на Здружението не понудил конкретни образложенија за своите ставови и ја напуштил средбата, тврдат од Фондот.

Реклама

Во однос на барањето за прецизирање на прегледите опфатени со капитацијата, од ФЗО појаснуваат дека овие прашања се регулирани со законските и подзаконските акти и медицинските стандарди, а не со поединечните договори. Сепак, најавуваат подготвеност за формирање заедничка работна група која ќе ги разгледа предлозите и евентуалната потреба од измени на подзаконските акти.

Од Фондот порачуваат дека остануваат отворени за преговори, но дека интересите на осигурениците, достапноста на услугите и почитувањето на прописите мора да бидат приоритет.

Во соопштението, Здружението дополнително наведува дека на 4 ноември, преку Лекарската комора, ја добило драфт-верзијата на новиот договор, подготвена од Фондот. Тврдат дека во неа не биле вметнати нивните претходно доставени забелешки и предлози. Оттаму бараат договорните обврски да бидат усогласени со национално клиничко упатство, со кое ќе се утврдат прегледите што се опфатени со капитацијата.

Фондот, пак, останува на ставот дека прашањата за видот, обемот и фреквенцијата на здравствените услуги треба да се уредуваат преку соодветните прописи и медицински стандарди. Најавената заедничка работна група треба да ги разгледа аргументите на двете страни и да утврди дали се потребни дополнителни измени.