Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Марко Рубио ја продолжува својата европска турнеја со посети на Словачка и на Унгарија

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја продолжува својата турнеја низ Европа со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја продолжува својата турнеја низ Европа со посета на две земји управувани од блиски сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп.

Рубио пристигна во Словачка утрово и подоцна во текот на денот ќе биде во Унгарија во дводневна посета.

Во говорот на Минхенската безбедносна конференција вчера, државниот секретар ги повика Европејците да ги поддржат ставовите на американскиот претседател за светскиот поредок, а воедно најави и оживување на врските со „силна“ Европа.

Реклама

Рубио е во Братислава само неколку часа, но во тој период ќе се сретне со премиерот Роберт Фицо.

Според „Политико“, кој се повикува на анонимни европски дипломати, за време на неговата неодамнешна посета на Флорида, Фицо изразил загриженост за менталната состојба на американскиот претседател – тврдење што Вашингтон и Братислава енергично го негираа. По средбата во Флорида, словачкиот лидер рече дека имал „исклучително важни“ разговори со Трамп за нуклеарната енергија.

По Словачка, Рубио ќе отпатува во Будимпешта на средби в понеделник со претставници на унгарските власти, вклучувајќи го и премиерот Виктор Орбан.

Доналд Трамп не ја криеше својата поддршка за Орбан на парламентарните избори во Унгарија, закажани за 12 април, кого го опишува како „силна и влијателна личност“.

Унгарскиот премиер ја објави својата намера да отпатува во Вашингтон следната недела за да присуствува на првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател.