Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Прилози

🎥 Манастирот „Трескавец“ и понатаму затворен – завршен водоводот, но административните пречки остануваат

Изградбата на водоводот, како последен услов за технички прием на Манастирскиот комплекс…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на водоводот, како последен услов за технички прием на Манастирскиот комплекс „Трескавец“, генерално веќе е завршена. После кражбата од пред 7 месеци на дел од веќе поставената надворешна водоводна инсталација, прилепски „Водовод“ успеа да ја надомести предизвиканата штета во висина од околу 10.000 евра и водата пак да ја донесе до ѕидините од Манастирот. Сега, на потег е манастирската Управа за внатрешно доинсталирање на мрежата, уверуваат од ЈКП „Водовод и канализација“.

„Повторно пред две недели го вративме во првобитна состојба. Тоа значи, сето што беше уредно пријавено во Полиција, се’ што беше украдено, повторно, со помош на средства од Општината, „Водовод“ и едно приватно претпријатие кое што не можам јавно да го кажам, помогна, и повторно резервоарите се полни. Останува таму сега на Манастирот – делот што не му е внатрешно среден. Со проект, отец Никодим така ми кажа, дека сега внатрешно ќе се досреди водоводната линија и ќе биде ставен во функција. Значи, од наша страна целосно е завршен проектот“, – изјави Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Прилеп.

еѓутоа, според старешината на Манастирот, отец Никодим, за жал, работата воопшто не била толку едноставна, зашто Манастирот има некој вид забрана од прилепскиот „Завод и Музеј“, односно од Министертсвото за култура, за да преземе било какви активности за партерно уредување на просторот, а што би ја опфатило и водоводната линија во дворот од Манастирот.

Реклама

„Заради конзервацијата на манастирската Црква, која е вредно културно-историско наследство, а која трае веќе со години и која сигурно ќе трае уште многу години, ние не смееме ништо да чепкаме. Со тоа губиме драгоцено време за конечно ставање во функција на Манстирскиот комплекс чие реновирање е завршено уште во 2020 година. Друг проблем е и Пречистителната станица која, според нашите сознанија, не ги задоволува предвидените стандарди. Прво сето тоа треба да се среди, па дури потоа можеме да зборуваме за отворање на Манастирот за јавноста. А тоа временски значи дека се потребни повеќе години“, – ни изјави за Алфа, отец Никодим.

Манастирот „Трескавец“ датира од 13-от век и е дел од националното културно наследство. Во февруари 2013-та година беше зафатен од силен пожар кој до темел ги пеплоса конаците. Огненаната стихија ја одмина само манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“, а која претходно, на очиглед на сите, со децении се распаѓаше. После пожарот, напоредно со возобновувањето на конаците, се пристапи и кон нејзината конзервација и чие завршување останува неизвесно.