Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Манасиевски: Заев му отпишал жито за 800.000 евра, а Николовски му вратил со грант од 1,4 милиони евра

По аминувањето од страна на Заев и Филипче на владина седница за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По аминувањето од страна на Заев и Филипче на владина седница за кусокот 2.000 тони жито вреден 800.000 евра, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа на својот ментор со грант од 1,4 милиони евра, средства од ИПАРД програмата, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Компанијата „Тргопродукт’’, која е една од најпознатите фирми во сопственост на Заеви, во тогашната 2022 година, добила грант вреден 1,4 милиони евра. За граѓаните да им биде појасно, станува збор за познатиот бренд на Заеви, „Мамас’’.

Уште по сомнително е тоа што овој грант во вредност од близу 87 милиони денари или 1,4 милиони евра, тогаш бил втор најголем грант во историјата откако се работи со ИПАРД програмата.

Реклама

Ги прашуваме Заев и Љупчо Николовски, дали станува збор за меѓусебен договор, откако Заев му аминува кусок од државните стокови резерви во вредност од 800.000 евра државни пари, а тој продаден завршува на црниот пазар во соседна држава по скоро двојно повисока цена? Дали Љупчо Николовски како тогашен министер преку своето влијание помогнал да Заеви добијат неповратен грант од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра? Уште колку вакви тендери и договори имаат направено овие луѓе? Дали можеби конечно и обвинителството и судството ќе се одважат и да ги проверат овие случаи?

Менторот Заев добро ги обучил Љупчо Николовски и Венко Филипче да бидат негово продолжение на политичката сцена. Народот веќе еднаш му пресуди на Зоран Заев, а сега му пресуди и на Венко Филипче.

Се додека овие корумпирани и криминални ликови не се оттргнат од партијата, таа ќе продолжи да пропаѓа секојдневно.