Реклама
Македонија

Манасиевски: Влезот во ЕУ ќе биде со крената глава, нема да преговараме за идентитетот, културата и историјата

На предлог на ВМРО-ДПМНЕ беа изгласани црвени линии, односно резолуција за црвени линии, во коишто ние како Македонија, како држава, нема да преговараме во делот на идентитетот, јазикот, културата и историјата, која што само за некој месец СДСM ја прегазија со оној договор за добрососедство со Бугарија во којшто треба да вметнеме Бугари во Уставот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На предлог на ВМРО-ДПМНЕ беа изгласани црвени линии, односно резолуција за црвени линии, во коишто ние како Македонија, како држава, нема да преговараме во делот на идентитетот, јазикот, културата и историјата, која што само за некој месец СДСM ја прегазија со оној договор за добрососедство со Бугарија во којшто треба да вметнеме Бугари во Уставот –  истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Алфа телевизија. 

Манасиевски се осврна на барањето за внесување на Бугарите во Устав и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став по однос на тоа прашање, односно, како што рече, државата нема да преговара во делот на идентитетот, јазикот, културата и историјата. Тој нагласи дека СДСM воделе погрешна политика и направиле низа на отстапки, и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ останува единствена партија која што се грижи за Македонија.

„Сметам дека СДСM водат политика која што не им оди на добро, водат политика која што не им носи гласови. Граѓаните ги имаат прочитано, граѓаните знаат дека во изминативе 35 години, ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која што се грижи за Македонија. За идентитетот, за јазикот, за културата. СДСM го промени два пати името, го промени знамето, ги менуваше банкнотите, го менуваше Уставот, што уште треба да направи СДСM за да биде поголема предавничка партија“, рече Манасиевски.