Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Манасиевски: РЕК со СДСМ плаќала двојно повеќе на Марковски компани од година претходно, а плаќано е и за еден камион неколку пати, затоа судиите на СДСМ го штитат газдата

РЕК со СДСМ плаќала двојно повеќе на Марковски компани од година претходно,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

РЕК со СДСМ плаќала двојно повеќе на Марковски компани од година претходно, а плаќано е и за еден камион неколку пати, затоа судиите на СДСМ го штитат газдата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, на 22 ноември 2022 година е склучен договор со Марковски компани, во вредност од 20 милиони евра. Само една година претходно, на 24 јуни 2021 година, за истата услуга се платени 13 милиони евра. Разликата е 7 милиони евра народни пари.

Разликата во крајната сума не е единствениот проблем. Криминалот се случувал и внатре кога во комбинатот доаѓале камионите за мерење. При испораката на јаглен се користеле лажни фактури, истиот товар се наплаќал повеќепати, а депониите останувале празни. Ова не е грешка, ова е системски криминал.

Реклама

Аздисаноста на власта на СДСМ и желбата да се испумпаат милиони од РЕК и ЕСМ ги чини граѓаните стотици милиони евра кои очигледно завршиле надвор од Македонија, на фирми во Бугарија и Дубаи.

Заради ова, судиите на СДСМ се борат газдата на Марковски да не заврши во притвор и да го спасат колку можат, од страв дека ќе ги каже шемите и како и каде завршиле стотици милиони евра од тендерите кои неговата фирма ги добивала во РЕК и ЕСМ.