Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Манасиевски: Ново сведоштво за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, разрешен судија поради неусогласеност со СДСM и ДУИ

Ново сведоштво за притисоците и уцените на власта предводена од СДСM и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново сведоштво за притисоците и уцените на власта предводена од СДСM и ДУИ кон правосудството, како и ново сведоштво за политичкиот прогон што се водеше кон поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, во гостување на поткаст на една од социјалните мрежи сведочи дека откога одбил да донесе мислење за одреден случај како тогашен судија, за кој според него немало никаква основа да се донесе позитивно мислење, утредента, поради непостапувањето, бил разрешен, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, станува збор за случајот во кој поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која, според Катевеновски, била осудена поради политички причини, а не правни последици.

Реклама

Катевеновски вели дека во 2019 година го добил случајот од поранешното СЈО за кој требало да даде мислење, но, како што вели тој, немало никаква правна можност ниту, пак, некакво кривично дело за да даде позитивно мислење за случајот.

Тој оставил време да се разговара за судскиот случај со колегите затоа што не сакал да избрза со одлуката, па не му останало многу време, туку веќе утредента Судскиот совет го разрешува Катевеновски.

Тој за неговото разрешување ја посочува директно тогашната влада на СДСM и ДУИ.

Почитувани граѓани,

Секојдневно се зголемува бројот на луѓе што сведочат за притисоците кон правосудството во Македонија. По Лејла Кадриу, сега и поранешен врховен судија отворено говори за начинот на кој СДСM и ДУИ, на чело со Зоран Заев и Али Ахмети, раководеа со државата.

Закани, уцени и притисоци. Ако си против нив – или те разрешуваат или те пикаат во затвор. Ова не смее да продолжи, реформите продолжуваат, а одговорност ќе има!