Реклама

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Македонија

Манасиевски: Изјавата на Рубин Земон, другарот на Заев и Филипче, е уште еден доказ дека на СДСМ не ѝ е гајле за Македонија

Членот на Извршниот одбор на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членот на Извршниот одбор на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Директорот на Центарот за напредни истражувања на СДСМ и сегашен член на ИО, Рубин Земон, кој е исто така и поранешен посебен советник во Владата предводена од Зоран Заев, јавно на социјалните медиуми вели не му е толку важно она што го има направено Гоце Делчев за Македонија и не му е јасно зошто толку македонскиот народ му се восхитува“, рече Манасиевски.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ остро ја осудува оваа изјава на Земон, кој, како што вели,  јавно и без срам вели дека Гоце Делчев е мит, дека не извојувал ниедна битка и дека не напишал ништо што денес е од важност.

Реклама

„По ова, јасно се гледа дека на СДСМ воопшто не им е гајле ниту за Македонија, ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот народ. Очигледно е дека ова не е личен став само на Филипче, туку ова е образец на СДСМ, и ова е тоа околу што СДСМ постојано гравитира, релативизација на македонскиот идентитет, отстапки без гаранции, и целосна рамнодушност кон она за што генерации Македонци се бореле и жртвувале“, рече Манасиевски.