Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Бизнис

Македонските региони во Топ 20 во регионот според конкурентноста и иновациите

Македонија високо позиционирана според конкурентноста и иновациите. Сите македонски региони се рангирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија високо позиционирана според конкурентноста и иновациите. Сите македонски региони се рангирани во топ 20 во регионот, а најдобри резултати покажале скопскиот и југоисточниот регион – покажа истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики и Фондацијата Конрад Аденауер. Главни двигатели на иновациите и знаењата се странските инвеститори кои користат високи технологии. Слабости се детектирани во недостатокот на кадар, особено инженери, продуктивноста и истражувањето и развој.

Министерството за дигитална трансформација активно работи во делот на иновациите и вешптачлката интелегенција, преку два иновациски хабови кои треба да го дигитализираат бизнисот.

Од фондацијата Конрад Аденауер велат дека неопходно е да се детектираат секторите кои се лидери во иновациите и кои имаат потенцијал да креираат развој на економијата.

Реклама

„Знаеме дека има многу германски инвестиции, особено во автомобилската индустрија, но исто така знаеме дека тоа ќе се менува во наредните години, вклучително и во Германија.Тоа значи дека и овде, во Македонија, инвестициите и економијата треба да се приспособат на овие нови развојни текови“ – вели Даниел Браун – Конрад Аденауер.

Истражувањето ги опфати Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија. Државите се оценуваа според 13 индикатори како продуктивност, знаења, иновации, истражувања и достапност на патенти.