Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Македонските реформи во јавната администрација презентирани на конференција во Молдавија

Делегација на Министерството за јавна администрација учествуваше на конференцијата „ReSPA Open Days“ во Кишинев, Молдавија, каде на панел-дискусии ги презентираше клучните приоритети и достигнувања од македонската реформска агенда во јавната администрација. Како што соопшти Министерството, во фокусот на излагањата била улогата на Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA) во поддршката на реформите во земјите од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Министерството за јавна администрација учествуваше на конференцијата „ReSPA Open Days“ во Кишинев, Молдавија, каде на панел-дискусии ги презентираше клучните приоритети и достигнувања од македонската реформска агенда во јавната администрација.

Како што соопшти Министерството, во фокусот на излагањата била улогата на Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA) во поддршката на реформите во земјите од Западен Балкан, при што македонските претставници ја нагласиле важноста од партнерството во спроведувањето на реформските процеси.

Посебен акцент бил ставен на дигиталната трансформација, модернизацијата на јавните услуги, развојот на човечките ресурси, управувањето со квалитет и зајакнувањето на административните капацитети. Притоа биле презентирани и конкретни резултати од реформските активности реализирани со поддршка на ReSPA.

Реклама

Од Министерството посочуваат дека „Македонија има долгогодишна и успешна соработка со ReSPA, која се одвива преку тематски работни групи, мрежа на национални координатори и учество во управувачките структури на организацијата“. Според нив, оваа соработка овозможува националните реформски приоритети да се преточат во конкретни програми и мерки, прилагодени на потребите на институциите.

На настанот биле истакнати и придобивките за земјава од унапредувањето на системите за следење и известување за реформите, развојот на административните капацитети, зајакнувањето на средниот менаџмент и поддршката на процесите поврзани со евроинтеграцијата.

Конференцијата во Кишинев, информираат од Министерството, претставувала можност за размена на искуства со земјите од регионот и зајакнување на регионалната соработка, при што било посочено дека проширувањето на активностите на ReSPA кон Молдавија, Украина и Ерменија ја потврдува вредноста на пристапот за градење модерни и ефикасни институции.