Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото

Како одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите и неаргументирани тврдења изнесени во јавноста поврзани со постапката која се води пред надлежните институции, а произлегуваат од предметот помеѓу Македонски Телеком и Фокуснет.

И покрај тоа што оваа постапка според Законот за Судски совет е тајна, во јавноста беа изнесени нецелосни и неточни информации од страна на суспендираната судијка Наташа Савовска Димитровска и нејзиниот полномошник, со што јавноста се доведува во заблуда. Токму поради тајноста на постапката и законските ограничувања, компанијата не е во можност да ја достави на јавен увид целосната одлуката на Републичкиот судски совет, која на 73 страни ги аргументира причините за нејзино разрешување и суспендирање.

Но, во интерес на точното информирање, базирано на факти, компанијата сака да ги појасни своите позиции во врска со овој предмет. Имено, се работи за скоро две децениски судски спор, кој Македонски Телеком го води со Фокуснет, за наводна штета што Македонски Телеком му ја нанел на Фокуснет .

Реклама

Фокуснет е компанија со блокирана сметка повеќе од 20 години. И покрај тоа, Фокуснет бара милионски суми отштета, за наводно претрпена штета за бизнис кој е непостоечки. Првосетепениот суд го одбил тужбеното барање на Фокуснет и утврдил дека нема основа за наплата на штета. Во второстепената постапка по жалба на Фокуснет, Апелациониот суд во Скопје, без одржување на јавна расправа  ја преиначува првостепената пресуда непосредно пред судската ферија и носи одлука дека Македонски Телеком  треба да исплати штета на Фокуснет од речиси 4 милиони евра.

Македонски Телеком согласно законски расположливите средства, упати барање до Републички судски совет поради сомневањата за незаконско водење на второстепената постапка.

Имено, во јавно објавените информации во Извештајот на комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет од август 2024 година,  утврдени се сериозни индиции за постоење на два записници заради кои Судскиот совет го алармирал Јавното обвинителство.

Понатаму, од страна на Комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет во август 2024 година, констатирано е дека во жалбениот предмет се најдени доверливи интерни документи на Македонски Телеком, кои не биле изведени како докази ниту во првостепена, ниту во второстепена постапка, ниту се јавно достапни.

На ваков незаконски начин Апелациониот суд Скопје  ја преиначи одлуката на првостепениот суд и на компанија со блокирани сметки повеќе од 23 години и без вработени и досуди отштета од речиси 4 милиони евра.

Македонски Телеком верува надлежните институции да постапат согласно законот и дека владеењето на правото ќе биде во целост применето.