Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Прилози

Македонски Брод со парите од унгарскиот кредит ќе реализира пет капитални инфраструктурни проекти

За вкупно пет капитални инфраструктурни проекти, општина Македонски Брод ќе ги искористи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За вкупно пет капитални инфраструктурни проекти, општина Македонски Брод ќе ги искористи парите од двете транши од унгарскиот кредит во вкупна вредност од нешто над еден милион евра. По првиот јавен повик, на Општината, согласно бројот на жители, и’ биле доделени 250.000 евра и тие пари веќе се искористени за изградба на водоводен систем во селото Сланско, кој во иднина треба да снабдува со вода и дел од градот. Од вториот дел од кредитот пак, кој е над тројно поголем, ќе се реализираат четири капитални проекти, вели градоначалникот Жарко Ристески.

  „Станува збор за инфраструктурни проекти: асфалтен пат до село Бенче, дел од асфалтен пат од село Звечан, Сушица и Томино село и за целосна реконструкција на водоводен систем во село Црешнево. Од оваа транша ни следуваат околу 800.000 евра. Се надеваме дека до крајот на мај ќе се потпишат договорите со Владата и потоа ќе почне постапката за тендерирање“, – открива Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод. 

  Со цел поголем економски развој на општината, но и на Поречието воопшто, ЛС веќе презема и други конкретни чекори, особено во делот на угостителството и руралниот туризам, а за што постојат огромни природни ресурси.

Реклама

  „Ние веќе го направивме пред две години првиот чекор. Склучивме Меморандум за соработка со Агенцијата за промоција на туризмот и веќе запопчнавме угостителските објекти во Македонски Брод, сместувачките капацитети – да ги категоризираме. Формиравме и Комисија на локално ниво и веќе сместувачките капацитети во Македонски Брод се категоризирани. Тоа е првиот чекор. Сега работиме на вториот, а тоа е промоција на тие истите и веќе е во тек изработка на туристичката мапа“, – вели Ристески.

  Според Ристески, на туристичката мапа треба да се најдат сите потенцијали кои ги нуди Поречието: пештерите, сместувачките капацитети, костените, медот, речните ресурси, како и недопрената дива природа, особено погодна за екстремни спортови и рурален туризам, како што е и Фестивалот „Екстрим-Самоков“, кој годинава ќе се одржи по четврти пат, веќе традиционално на почетокот од јуни, и кој е финасиран само од ЛС.