Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Економија

Македонската економија е стабилна, доколку има потреба државата ќе интервенира по конфликтот на Блискиот Исток

Солидни перформанси во 2025-та година и добра основа за тоа што ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Солидни перформанси во 2025-та година и добра основа за тоа што ја чека државата – ова е реакцијата на бизнисмените откако статистика измери раст од 3,5% лани.  Зголемувањето е особено големо во последните два квартали, односно 3,8% последователно. Од Бизнис конфедерацијата велат дека е добро тоа што растот на градежништвото изнесува 14,6%, но ио дека така треба да се продолжи во иднина. Изградбата на гасоводот кон Грција, железницата кон Бугарија, како и автопатиштата се клучни за да се диверзифицира снабдувањето со енергенси во услови на можна криза, но и да се забрза транспортот на стоки и превозот на патници.

Премиерот Мицкоски е задоволен што шест квартали по ред бдп растел со 3,5% во просек. Македонија била една од државите со највисоко зголемување на економијата во Европа. Податоците за 4-тиот кварат покажувале дека сме најдобри во регионот. Премиерот уверува дека буџетските пари се трошат рационално и таргетирано и дека тоа дава резултати.

„Често пати од опозицијата се исмеваат со ова што го зборувам, но факт е дека и во четвртиот квартал, од оние податоци кои ги објавува Евростат, реалниот раст на македонскиот бруто-домашен производ е во првите три во Европа. Ако се вратиме наназад неколку години, ќе дојдеме до констатација дека тогаш бевме на дно од регионот, сега сме пред соседите, истакна Мицкоски“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Реклама

Бизнисмените претпазливи. Се надеваат дека тензиите на Блискиот Исток брзо ќе завршат, но доколку тоа не се случи енергенсите неизбежно ќе поскапат, а со тоа и цените на производите и услугите. Засега, според нив, е рано да се размислува за воведување кризна состојба во снабдувањето со енергенси, но сугерираат компаниите претпазливо да планираат, да избегнуваат непотребни трошоци и да ги штедат ресурсите. Велат дека ако воениот конфликт продолжи како увознозависна држава, ќе претрпиме последици.

И премиерот признава дека економски предизвици може да има доколку конфликтот се пролонгира. Македонија не би имала проблем во снабдувањето со гас, бидејќи нема развиена мрежа, а и грејната сезона е пред крај. Сепак, притисок постои кај нафтените деривати, а министерствбото за финансии има опции за намалување на ДДВ и акцизите кај бензините..

„Од нафтената индустрија ќе имаме одредени притисоци. Ќе треба да се зголемува цената, но и тука разгледуваме со Министерството за финансии да намалиме во делот на акцизата, во делот на даноците, да видиме кои се нашите можности за да го намалиме ударот врз стандардот на граѓаните, изјави премиерот Мицкоски“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Регулаторната комисија за енергетика вчера ја укина одлуката според која секогаш кога цените на горивата треба да се зголемат или намалат за 2 денари ќе прави нови пресметки и ќе утврдува нови цени. Ова значи дека дури во понеделник ќе има нова одлука за цените на бензините. Тие досега минимално се зголемија за еден денар. На меѓународните берзи нафтата достигна 85 долари за барел, а цената на гасот достигна тригодишен максимум.