Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Македонија и САД ги издржуваа глобалните шокови и секогаш излегуваа посилни, порача Агелер

САД и Македонија ги издржуваа глобалните шокови и секогаш излегуваа посилни. Годинава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

САД и Македонија ги издржуваа глобалните шокови и секогаш излегуваа посилни. Годинава двете земји одбележуваат 30 години од меѓусебните дипломатски односи, иако соработката почнала многу пред тоа, порача синоќа американската амбасадорка Анџела Агелер во своето обраќање по повод прославата на 4 Јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, што ја организираше амбасадата во својот двор.

„Веќе три децении му покажуваме на светот што може да се постигне со сила, компромис и со трпение. И покажавме како изгледа вистинско пријателство и вистинско партнерство. Тоа е отсликано во заедничките мисии во Ирак и во Авганистан и во големите вежби на Криволак, подготовките заедно да се бориме за зачувување на мирот. Тоа е разобличување на корупцијата и на криминалните организации, вложување во реформата на правосудството и покрај скромната исплатливост“, рече Агелер.

Според амбасадорката, блиските односи меѓу САД и Македонија се огледуваат и во заедничките напори за економски раст, напредок во инфраструктурата и во енергијата, соработката во технологијата, здравството, транспортот, разузнавањето и образованието, поддршката за зачувувањето на културното наследство, тешките но искрени разговори за теми од големо значење, како и споделената тага за загубените млади животи во страшен пожар. На актуелната влада, Агелер ѝ се заблагодари за поддршката кон САД за низа прашања, вклучително и неодамнешната поддршка во рамки на придонесот кон НАТО.