Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Македонија е стабилна држава, нивото од терористички закани е ниско

Македонија е мирна и стабилна држав И е лидер на Балканот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е мирна и стабилна држав И е лидер на Балканот во превенција и борба против тероризам – велат од Националниот совет за спречување на насилен екстремизам. Од таму алармираат дека државата е соочена со домашниот национален екстремизам, што е со намален интензитет, но не е искоренет. Стратегијата на Владата е јакнење на институциите за сигурна држава. Според премиерот Мицкоски, насилниот екстремизам и тероризмот се последица на подлабоки институционални слабости, а нивното спречување мора да оди рака под рака со јакнење на институциите, владеење на правото и борба против корупцијата.

“Знаеме дека екстрмизмот радикализацијата и насилството често цутат таму каде што државата е слаба а институциите се корумпирани. Нашата стратегија е јасна, градење на сигурна држава со функционални институции, професионална полиција и отпорно општество.Овој Комитет не е симболичен, туку оперативен инструмент и очекувам од сите учесници да дејствуваат коориднирано” вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Со заемна соработка на институциите на централно и локално ниво, ќе се заштити општеството од евентуален екстремизам и сите видови на радикално однесување велат членовите на советот. Приоритетите на Македонија ќе бидат спречувањето на онлајн радикализацијата и дејствувањето во време на терористички акти.

Реклама

“Во Македонија радикализација се одвива на идеолошка и верска основа на лев и десен радикализам, и она што е важно е што е присутен етно национализмот кој е на еден или друг начин политичките партии го поттикнуваат” – вели Павле Трајанов, член на Националниот совет за спречување на насилен екстремизам.

Според последните статистики, Македонија, важи за една од најмирните земји во регионот.И е на 38 место во светот по безбедност.