Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Прилози

Македонија е недемократска земја која оди во погрешен правец и во која расте евроскептицизмот

Во Македонија нема ни „Д“ од демократија, а земјата оди во погрешен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија нема ни „Д“ од демократија, а земјата оди во погрешен правец. Ова е мислењето на најголем дел од граѓаните според последните анкети и на „Евротинк“ и на „Центарот за политички истражувања и комуникации“. Алфа разговараше со скопјани – ги прашавме што мислат тие – дали овие разултати ја отсликуваат реалноста.

Во Македонија нема ни „Д“ од демократија и земјава оди во тотално погрешен правец. Причина за тоа е што на челните позиции има луѓе кои наместо да мислат и работат за општото добро, мислат и работат само за себе и за своите блиски.

Ова е коментарот на најголем дел од граѓаните со кои разговаравме откако излегоа неколку истражувања на јавното мислење со загрижувачки резултати.

Реклама
  • Каква демократија, нема ништо од тоа. Ништо не функционира кај нас, ни систем, ни држава, крајно сме разочарани од нефункционалниот систем. Мора да има политичари кои ќе се грижат за народот, а не само да го доограбуваат и онака осиромашениот граѓанин, реагираат граѓаните пред камерата на Алфа.

Граѓаните велат дека не може да се зборува за право и правда, за демократија кога најголем дел од луѓето се мислат како да го протуркаат месецот. Секој месец е се потешко, велат оние кои ги сретнавме во населбата Аеродром.

Анектата на „Евротинк“ покажа дека оваа година дури 56% рекле дека нема демократија во државата, а 44% имале позитивно мислење. Но ако погледнеме во претходните години, може да се забележи дека има многу негативен тренд во однос на перцепциите.

Анкетата на „Центарот за политички истражувања“ пак, покажа дека речиси 50% од испитаниците немаат доверба во државните институции, а само 9% веруваат во работата на буџетарите.

Борис Грујоски