Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин

Енергетската трансформација не е план за иднината, туку процес што веќе дава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енергетската трансформација не е план за иднината, туку процес што веќе дава резултати порача македонската делегација на состанокот на Германско-македонскиот заеднички економски управен комитет (JESCO), кој се одржа во Сојузното министерство за економски работи и енергетика на Сојузна Република Германија.

Во рамки на официјалната делегација, од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше државниот секретар Горан Јовановски, кој имаше свое обраќање во кое говореше за енергетската политика, декарбонизацијата, инвестицискиот развој и сигурноста на снабдувањето во Македонија.

Во своето излагање, како што се наведува во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Јовановски потенцирал дека земјата спроведува одлучна енергетска политика заснована на два клучни приоритета – забрзана декарбонизација и сигурно, стабилно снабдување со енергија. Со донесувањето на новиот Закон за енергетика во мај 2025 година, државата воспостави модерен, транспарентен и целосно усогласен систем со европските стандарди, кој обезбедува предвидливост за инвеститорите и крај на пазарната неизвесност.

Реклама

-Државата повеќе не го следи пазарот – таа го креира неговиот правец- нагласил Јовановски, посочувајќи дека со воведувањето на системско планирање и годишни планови за нови енергетски капацитети и складирање, развојот станува координиран, предвидлив и стратешки насочен.

Тој истакнал дека веќе е во тек силен инвестициски циклус во обновливи извори и складирање на енергија, што резултира со зголемено домашно производство, намалена зависност од увоз и зајакната енергетска независност. Паралелно, се инвестира во модернизација на електроенергетската мрежа и развој на паметни и балансирачки капацитети како основа за зелена транзиција.

Дополнително, како што се додава во соопштението, новиот Закон за обновливи извори на енергија, кој е во завршна фаза, ќе овозможи побрза реализација на инвестициите преку поедноставени процедури и поголема транспарентност, со јасна цел – повеќе обновлива енергија, помалку фосилни горива и намалени емисии.

Во рамки на дискусиите, била потенцирана и важноста на Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030, кој содржи 61 конкретна мерка за декарбонизација, енергетска ефикасност, реформа на пазарот и зголемена безбедност на снабдувањето.

Јовановски истакнал дека енергетската сигурност останува врвен приоритет, преку диверзификација на изворите, нови интерконекции и засилена регионална интеграција, нагласувајќи дека „енергетската стабилност не е само економско, туку и прашање на национална безбедност“.

Состанокот на ЈЕСКО, кој започнал со работна сесија и размена на економски анализи и перспективи меѓу двете земји, овозможил директен дијалог со стопанските комори, бизнис-заедницата и експертските тимови, со фокус на инвестициската клима и заедничките стратешки приоритети.

-Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, со јасна ориентација кон целосно усогласување со ЕУ стандардите во енергетиката и климатските политики – преку конкретни реформи, транспарентна имплементација и мерливи резултати, се наведува во соопштението.