Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Македонија има причини за оптимизам: Досега најсилни пораки од Тиват за патот кон ЕУ

Македонија доби досега најсилни пораки од Тиват, она што посебно радува е што процесот на проширување постои и не е завршен, вели премиерот Христијан Мицкоски по Самитот ЕУ- Западен Балкан, каде оствари и билатерални средни со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Она што е добрата вест за државава и нон пејперот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија доби досега најсилни пораки од Тиват, она што посебно радува е што процесот на проширување постои и не е завршен, вели премиерот Христијан Мицкоски по Самитот ЕУ- Западен Балкан, каде оствари и билатерални средни со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Она што е добрата вест за државава и нон пејперот подготвен токму од Берлин и Париз, за кој Брисел веќе добил инструкции да го операционализира. Како што вели Мицкоски тој документ и таа реформа ќе значи почесто седнување на маса со европските лидери, но и ќе овозможува механизми, со кој земјите од регионот ќе имаат поголемо користење на одредени алатки.

-Ова е еден процес, а проширувањето си останува како друг процес. Почести состаноци кои што нема да бидат веќе на ниво на ЕУ- Западен Балкан, два пати годишно, еднаш во јуни, еднаш во декември. Од она кое што успеав да го заклучам е дека ќе имаме најмалку два пати такви состаноци, што секако е добро бидејќи ќе можете со луѓето кои што одлучуваат да разговарате и да креирате политики, да ја градите иднината заедно, изјави Мицкоски.

Реклама

На средбите со Макрон и Мерц се разговарало и за спорот со Бугарија. Мицкоски јасно го пренел ставот на Македонија, дека уставни измени без јасен и предвидлив крај нема да има. Вели и едниот и другиот покажале особена заинтересираност, особено францускиот претседател и очекува интензивирање на разговорите на разговори на оваа тема. 

-Ние не бегаме од разговори, дека ние сме подготвени да разговараме, подготвени сме да бараме решение. Но, видете непринципиелно е бидејќи ги слушав вчера изјавите, да се повикувате на почитување на човековите права, нели така кажа премиерот на Бугарија, а на бирото да ви стојат 14 пресуди од Судот за човекови во Стразбур и да не дозволувате и да не дозволувате македонската заедница во Бугарија да си регистира невладина организација, изјави Мицкоски.

Инаку со објавениот нон пејпер, Германија и Франција предлагаат нов пристап во политиката за членство, кој треба да овозможи побрза и подлабока интеграција на земјите аспиратни, уште пред полноправното членство. Во документот се нагласува дека целта за полноправно членство останува непроменета и дека постепената интеграција не треба да биде замена за членство. Според нон пејперот идејата е да се создадат дополнителни стимулации за побрз напредок на земјите кандидати.

Меѓу другите предлози се и привилегиран пристап до внатрешниот пазар, постепено добивабе статус на наблудувач во институциите на ЕУ, почести заеднички состанови со Европската Комисија и Европскиот Парламент, како и учество во одредени точки од дневниот ред на Своетот, но без право на глас.

Матеја Петровски