Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Македонија активно работи на реформската агенда, СДСМ и Филипче продолжуваат „Бугари во Устав, Бугари во Устав, Бугари во Устав“

Македонија активно работи на реформската агенда, СДСМ нека продолжи да коленичи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија активно работи на реформската агенда, СДСМ нека продолжи да коленичи и секојдневно да притиска за Бугари во Устав. Големи се шансите сите 10 закони кои што се во грејс период да бидат испорачани, со што Македонија ќе дојде до финансиски средства од Европската Унија, предвидени согласно планот за раст. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека по  состанокот на Герт Јан Копман, заклучено било дека најмалку 95 проценти од она што го бара Брисел ќе биде исполнето.

-Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој што во рамките на Европската Комисија тоа го движи. Сите сме оптимсти, дека од оние 10 можеме 9 и пол да испорачаме, а може и 10 бувкално така заклучивме, кои што се во грејс период. Еден или два чекори зависат од учеството на опозицијата во нив, т.е. еден во овој грејс период, а тоа е Изборниот законик, се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоите сите заедно овој реформски закон, изјави Мицкоски.

СДСМ не ја прифати подадената рака за обединување околу реформската агенда, бидејќи Филипче како што кажа, не можел да соработува со Мицкоски, Муцунски и оваа Влада. Од СДСМ не одоговорија дали ќе поддржат промени на изборниот законик, само доколку се имплементираат препораките на ОБСЕ и ОДИХР, кои што претставуваат техничка работа. Филипче реши да обвинува дека со тоа прашање било обид да дефокус.

Реклама

-Реформите не се само промени на Уставот, јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ, кое што во моментов е раководство на СДСМ и дека најлесно им е да коленичат, наместо да работат, но реформите е доказ дали сте за Европа, не само Бугари во Устав, има уште многу посуштински работи, кои треба да ги завршиме и ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коленичат таму каде што коленичат, изјави Мицкоски.

Процесот на реформи СДСМ претхдоно се обиде да го злоупотреби преку старо интервју на известувачот за Македонија, Томас Вајц, каде вели дека државава не напредувала во овој сегмет. Самото тоа го дематираше европратеникот, кој кажа дека разговорот бил речиси два месеци пред да биде објавен, кога моментумот бил како сегашниот. Инаку, евроамбасадорот Михалис Рокас, порача дека кога ќе се спореди извештајот од минатата година, Македонија забележува забрзување во процесот на реформи.

Инаку има вкупно 21 закон како од реформската агенда и планот за раст, македонските институции позитивни оценки очекуваат за најмалку 16, што би овозможило некаде околу 70 милиони евра финансиска поддршка.

Матеја Петровски