Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Македонците од Пустец уверени: Нема да се градат мигрантски кампови

„Ни рекоа дека во нашата општина треба да обезбедиме соодветен простор за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ни рекоа дека во нашата општина треба да обезбедиме соодветен простор за изградба на три времени кампови за сместување на албански граѓани при евентуални елементарни непогоди во земјата. Ние тоа и го сторивме. Но, за кратко време сфативме дека сме измамени, оти се виде дека не станува збор за изградба на времено-сместувачки капацитети, туку за мигрантски кампови“, обвинуваат Македонците од Пустец – Албанија.

„Фактички, овој настан се случи уште во јули месец кога Министерството за внатрешни работи на Албанија побара од градоначалникот на Пустец да каже кои се оние простори коишто исполнуваат услови за евентуални временски непогоди во Албанија. И со тоа, општината определи некои региони, како спортски игралишта, блиску до езерото, кои се лесно снабдливи со вода, имајќи предвид дека доколку има поплави или незгоди во Албанија, државјаните на Албанија да можат да се сместат одредено време во овие кампови. Меѓутоа, тоа не беше за тоа – тие бараа првични информации за да го лоцираат местото и сега ни дојде за оваа работа – за кампови за мигранти“, вели Таќо Гроздани од Мала Преспа, Албанија.

Гроздани е генерален секретар на Македонската партија во Албанија и еден од нејзините основачи, но и актуелен советник во Советот на општина Пустец. Вели дека добро ги познава албанските закони и затоа е убеден дека во оваа работа има скриени и нечесни намери на власта, заради што тие покренале и тужба против Владата на Албанија, откако и Општинскиот совет гласал против изградбата на мигрантски кампови во Пустец.

Реклама

„Нашиот претседател Васил Стерјовски лично ја однесе тужбата до сите меѓународни институции, за ако и тие се соработници во оваа работа. Меѓутоа, мислам дека ќе се избориме и ќе ја победиме оваа битка, а очекуваме помош и од Македонија во оваа насока“, посочува Гроздани.

Инаку, според планот, на територијата на Република Албанија треба да бидат изградени вкупно 20 мигрантски кампови, а од нив дури три во општина Пустец. Општина Пустец брои околу 4.500 жители, има девет населени места каде живее претежно македонско население, а сите членови на Советот на општината се етнички Македонци.