Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

М-НАВ: Се отстранува дефектот на радарската глава Алениа – Бањски Рид, нема влијание врз безбедноста на авио – сообраќајот

М-НАВ информираат дека се работи на отстранување на дефектот на еден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

М-НАВ информираат дека се работи на отстранување на дефектот на еден од радарите на Меѓународниот аеродром Скопје и дека во моментов тоа нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на авио – сообраќајот.

-Стапено е директно во контакт со производителот и дозволен е онлајн пристап до уредот за да се направи дијагностика од производителот и да дадат предлози и поддршка за решавање на проблемот. М-НАВ воедно, вонредно ги ангажира своите стручни лица со цел што побрзо враќање на радарската глава Алениа – Бањски Рид во употреба, вели директорот на М-НАВ и претседател на Управниот одбор Владимир Ристески.

Тој појаснува дека М-НАВ располага со три радарски глави. Една покрај Охридскиот аеродром и две на Скопскиот аеродром. Едната на Скопскиот аеродром е во моментов со технички дефект којшто е детектиран и се работи на негово отстранување.

Реклама

-Ваквите технички дефекти од електронска природа се нормални појави во авијација и кога се случуваат има предвидено соодветни безбедносни процедури во работата со цел да се продолжи со давање на услуги кон авио-компаниите во такви околности. М-НАВ ги применува токму тие процедури и во моментов нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај на Скопскиот аеродром. Единствена промена е регулацијата на бројот на авиони кои можат да се опслужат на еден час. Овие регулации ќе останат во сила се до отстранување на дефектот на радарската глава, вели Ристески.

Претходно, дел од медиумите јавија дека еден од радарите на Скопскиот аеродром не е во функција.